еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

(Фото) Искуство од 40. традиционално искачување на Титов Врв: „Небото над Шар Планина го распаруваа грмотевици, а планината побеле од град“

40. традиционално искачување на Титов Врв, помина во исклучително лоши временски услови. Тоа и се очекуваше, имајќи ја предвид прогнозата за во неделата (29 мај), кога и се одржа настанот во организација на ПК „Љуботен“.

Акцијата ја поддржаа планинарски клубови од Македонија и Србија, но нивниот број беше далеку помал од вообичаено, пред се поради временската прогноза.

„Најпрво имаше магла, а потоа се појави и силен ветер. Околу 10 часот, организаторот го стопираше искачувањето на врвот, на седло, место под врвот, од каде што почнува искачувањето. Одлуката беше донесена, поради исклучително лошите временски услови кои беа на врв, а најважна е безбедноста на учесниците. Малкумина го искачија врвот.

На враќање, како што покажуваше и временската прогноза на сите можни апликации на кои се следат временските услови, почна да врне. Небото над Шар Планина го распаруваа грмотевици, а планината побеле од град. Во такви моменти, најважно е човек да остане прибран и групата при движење да не биде збиена, туку да одржува растојание.

За среќа, сите планинари безбедно се симнаа. Има побудали од рибарите, тоа се планинарите,“ раскажува за еМагазин, една од учесничките на традиционалното искачување.

Во однос на организацијата, планинарскиот клуб „Љуботен“ се познати по нивната професионалност заради што и, голем дел од учесниците кои иако ја знаеја временската прогноза, одлучија да учествуваат.

Фото: Фејсбук-профил ЗПСК Кожуф

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ковачевски во Минхен се сретна со Лајен, Шолц, Столтенберг и Пелоси

Редакција

Уставните измени нема да се одложат, тврди Ковачевски

Редакција

Стевчо Јакимовски се враќа на обвинителна клупа поради сомнежите за злоупотреби во претходните мандати како градоначалник на Општина Карпош

Редакција