еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Ковачевски во Минхен се сретна со Лајен, Шолц, Столтенберг и Пелоси

Премиерот Димитар Ковачевски денеска на маргините на Минхенската безбедносна конференција имаше средби со претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен, со германскиот канцелар Олаф Шолц, со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг и со доскорашната претседавачка на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси.

„Срдечна средба со претседателката на Европската Комисија, Фон дер Лејен. Уште еднаш ја потенциравме важноста Северна Македонија што побрзо да стане членка на ЕУ.

Нашите пријатели од ЕУ нé поддржуваат и помагаат во реформските процеси на земјата. Европскиот пат на земјите од Западен Балкан е важен за стабилност на регионот, безбеден и просперитетен живот, што нашите граѓани го заслужуваат, објави Ковачевски на својот Фејсбук профил.

На средбата, пак, со германскиот канцелар Олаф Шолц била потенцирана недвосмислената поддршка на Берлин за европскиот пат на Македонија.

„Дискутиравме за неопходноста од забрзување на евроинтегративните процеси, кои се важни за безбедноста и стабилноста на регионот. Германија е наш безрезервен поддржувач и значаен партнер при интегрирањето на нашата држава во ЕУ,“ напиша Ковачевски.

По панелот „Алијансата и подалеку од неа: партнерства за Европската безбедност”, премирот имал куса средба и со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

„Една година по воената агресија врз Украина НАТО е обединет како никогаш досега во поддршката на Украина и ќе ја поддржува сè додека е потребно. Во оваа насока беа пораките на панелот. По обраќањето на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, му пренесов дека Северна Македонија е целосно посветена во градењето на партнерства за одржување на безбедноста во Европа и секако на Западен Балкан,“ посочува Ковачевски.

Тој во Минхен го проследил и панелот „САД во светот” на кој се обрати американската потпретседателка Камала Харис.

„На панелот потпретседателката се осврна евроатлантската обединетост која е посилна од било кога, иако трети страни се обидуваат таа обединетост да ја растурат, како и на Евроатлантизмот, кој се додека е жив, САД ќе бидат присутни во Европа.

Потпретседателката Харис се осврна на годишнината од бруталната инвазија на Русија и порача дека Киев нема да падне. Во своето обраќање потпретседателката се заблагодари на сите НАТО членки за силното евроатлантско партнерство во Алијансата,“ наведува премиерот Ковачевски.

Премиерот Ковачевски на Минхенската безбедносна конференција се сретна и со Ненси Пелоси, како што посочува, голема пријателка на нашата земја, при што се заблагодарил за нејзината долгогодишна поддршка и придонес кон стратешкото партнерство меѓу САД и Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ковачевски и владина делегацијa на Конференцијата за безбедност во Минхен

Ковачевски и Вучиќ од Минхен: Македонија и Србија придонесуваат за безбедноста на регионот

МИА/Фото: Фејсбук/Ковачевски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Љубчо Георгиевски до бугарската јавност: Во Заев имате прагматичен политичар

Редакција

Општина Штип склучи договор со Тритерол петрол вреден 2,5 милиони евра

Редакција

(ВИДЕО) Потресни снимки од болница во Бергамо, укажуваат колку сериозно треба да се сфати кризата со коронавирусот

Редакција