еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Стевчо Јакимовски се враќа на обвинителна клупа поради сомнежите за злоупотреби во претходните мандати како градоначалник на Општина Карпош

Старо-новиот градоначалник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски на 5 ноември се враќа на обвинителна клупа, поради сомнежи за злоупотреба во претходните мандати, објави „Телма“.

Последното рочиште според телевизијата било закажано пред изборите во последната недела пред првиот круг од изборите, но по барање на Јакимовски, рочиштето било одложено и закажано постизборно во ноември.

Всушност, предизборното рочиште било прво откако судењето тргнало од почеток.

Јакимовски на 31. октомври 2019 година беше обвинет за злоупотреби во вршењето на функцијата градоначалник на Општина Карпош, а на истиот ден, но после две години, повторно е избран за градоначалник.

Јакимовски меѓу другото е обвинет и за новата административна општинска зграда, која е изградена без одобрение, а отпосле е барана легализација на објектот, иако објектот е граден после крајниот рок на градба од 2011 година.

-Првообвинетиот како градоначалник, во име и за сметка на правното лице – општината, во својство на инвеститор спротивно на чл.56 и 57 ст.2 и чл.63 од Законот за градење, без Одобрение за градење, изградил деловен административен објект на локалната самоуправа со што сторил кривично дело Бесправно градење.

За објектот во 2016 година поднел Барање за утврдување на правен статус на бесправни објекти од локално значење, стои во обвинителниот акт објавен точно две години пред новата победа на Јакимовски во истата општина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Стевчо Јакимовски повторно стана градоначалник на скопски Карпош

Фото: Фејсбук/Јакимовски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Еден тим на итна помош во Струмица и Тетово, „покрива“ дури по 40.000 жители дневно

Редакција

Нови 214 случаи на Ковид-19 од 2.276 тестирања

Редакција

Расте бројот на заразен медицински персонал во струмичката болница

Редакција