еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Еден тим на итна помош во Струмица и Тетово, „покрива“ дури по 40.000 жители дневно

Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) го објави истражувањето за капацитетите на итната медицинска помош во земјава.

Истражувањето покажа дека во земјава вкупно недостигаат 52 екипи за итна медицинска помош за да може да се задоволи барем законски пропишаниот минимум на тимови што треба да ги има еден медицински центар во зависност од бројот на жители што ги опфаќа.

Најмногу тимови, 18 недостигаат во Скопје, додека Битола има 4 повеќе од минимум потребните. Дури половина од 33. здравствени центри имаат помалку тимови од потребните.

Во моментов во земјава вкупно има 258 тимови за итна медицинска помош и овој број наместо да се зголемува, секоја година се намалува.

Во однос на 2015 година, кога е донесена последната уредба со која се предвидува минималниот број тимови што треба да го има секој здравствен центар, бројот на тимови за итна помош е намален за 22.

Еден тим на итна помош некаде покрива 1.000, а во други градови и до 40.000 жители дневно. Најлошо стојат Струмица и Тетово, каде еден тим „покрива“ дури по околу 40.000 жители дневно.

Куманово и Скопје се следни со покриеност на еден тим на околу 30.000 жители дневно. Најдобро “покриени“ се жителите на малите центри како Вевчани, Пехчево и Ростуше каде еден тим покрива по нешто повеќе од 1.000 жители дневно.

Во една смена на итната помош некаде има по 2, на други места по 50 интервенции.

Не се води евиденција колку повици за барање на брза помош се добиваат, а на колку се оди.

Целото истражување може да се види на следниот линк.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

“Пиши една инекција да се опраам, утре сум на свадба. Швепс пиев многу вчера, немам Ковид-19“, докторка од Гостивар сподели искуство од дежурство

Редакција

Денеска сончево и релативно топло време, до 19 степени

Редакција

„ЦМЦ ГРОУП“ го доби тендерот на „Водовод и канализација“ за набавка на водомери вреден 383.000 евра

Редакција