еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Затворската казна на Мијалков спречи „мини-државен удар“ во Македонија, анализира ИФИМЕС

Меѓународниот Институт за блискоисточни и балкански студии (ИФИМЕС) од Љубљана во последната анализа пишува дека во Северна Македонија изминативе деновиве имало обид за „мини-државен удар“ со цел да се собори Владата на Зоран Заев.

„Последните три години, пропагандната машинерија на ВМРО-ДПМНЕ тврди дека Зоран Заев и Сашо Мијалков се едно и исто. Брзо апсење по бегството пред изрекувањето на пресудата и драконска затворска казна за Мијалков ги поби овие тврдења.

Вреди да се напомене дека на денот кога беше официјализирано бегството на Мијалков, ВМРО-ДПМНЕ веќе имаше список со членови на новата влада и се надеваа на ново парламентарно мнозинство.

Експресното апсење и долгогодишната затворска казна на Мијалков спречи обид за „мини-пуч“ и ја продолжи демократската влада на Зоран Заев до редовните парламентарни избори, што ќе се одржат за три и пол години„, стои во анализата, во која се вели и дека министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски е главната мета на политичко-мафијашките структури

Целата анализа ОВДЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Изготвен безбедносен план за Мијалков во затворот во Скопје

Маричиќ пред Заев и Спасовски бил информиран за можно бегство на Мијалков

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Aлили стана европски шампион во борење и ја израдува Македонија

Редакција

„Мој термин“ ќе го користат паралелено старите и новите пациенти

Редакција

Хакерски напад на хрватскиот портал Слободна Далмација: Стари текстови заменети со нови, кои шират руска пропаганда за војната во Украина

Редакција