еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Маричиќ пред Заев и Спасовски бил информиран за можно бегство на Мијалков

Реков дека одговорност за случајот со Сашо Мијалков ќе има, без разлика што со сите чекори што ги презедоа институциите го принудија да се пријави пред правдата и да го прими решението за притвор, изјави денеска премиерот Зоран Заев.

– Исто така, охрабрив да продолжи истрагата за евентуална одговорност. Истрагата нормално ја водат обвинители. Логично е, од средата наваму по откривањето на Сашо Мијалков, истрагата да биде распоредена кај некој обвинител, да види дали системот имал некаде слабости, некои пропусти или слично и да ги оквалификува и окарактеризира од каков тип и природа се.

Тоа секако е со цел да не се повторуваат одредени слабости, доколку постоеле, нагласи Заев одговоарајќи на новинарско прашње.

Тој додаде дека за тековна истрагата повеќе детали ќе може да каже Јавното обвинителство (ЈО), кое и го води целиот случај околу „бегството“ на Мијалков и класифицирањето и систематизирањето на неговиот имот.

Запрашан дали има „префрлање на топката“ меѓу Јавното обвинителство и одредени министри околу овој случај, Заев рече дека ЈО добило информацијата за можно бегство на Сашо Мијалков и соодветниот јавен обвинител го соопштил тоа на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и на другиот министер надлежен во тој дел – министерот за правда Бојан Маричиќ.

„По информации дека е можно бегство на Сашо Мијалков, во саботата, кога веќе е тоа потврдено, јавниот обвинител се јавува на министерот за внатрешни работи, при што јавниот обвинител е самостоен во ваквата постапка.

Доколку има такви информации, логично е, како и што постапил, да бара и од самиот Суд изрекување на мерка притвор,“ додаде Заев, истакнувајќи дека барањето е поднесено „некаде околу 14 часот, а некаде околу 18.30 часот, Судот носи мерка за домашен притвор“.

Околу одоговрноста на министри за целиот случај, премиерот нагласи дека Владата не испитува одговорност во сопствените редови, заради тоа што нејзините членови „може да бидат пристрасни меѓусебе“.

„Јавното обвинителство е тоа што води истрага со сите елементи. Заради тоа што тоа е независен дел од работењето на системот и за да ни покаже точно каде имало пропусти, доколу секако постоеле пропусти,“ додаде Заев.

Маричиќ: Најверојатно бев првиот член на Владата кој дозна дека е можно бегство на Мијалков

Министерот за правда Бојан Марчиќ денеска потврди дека најверојатно е првиот член во Владата кој дознал дека се подготвува бегство на обвинетиот Сашо Мијалков, а тоа, како што изјави денеска, на неформална средба во петокот вечерта со јавен обивнител кога му било претставено оти постои гласина, дури и како чаршиски  муабет било означено дека е можно такво нешто.

Маричиќ нагласи дека не чувствува никаква одговорност.

– Јас како човек што води сериозна институција укажав на обвинителот дека треба да се проверат гласините, бидејќи не ми беше соопштено кој е изворот на информации, тоа беше зачувано како податок што не ми е достапен, ниту пак ми го кажа обвинителот, замолив да се проверат тие наводи и доколку тоа има основа и се потврдат тие гласини, Обвинителството да ги преземе потребните мерки, изјави министерот Маричиќ.

Дополни дека колку што знае веќе наредното утро, обвинителката Вилма Русковска, се јавила кај министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и кај обвинителот и тргнала постапката.

– Незнам што можев јас да направам повеќе од тоа во тој момент. Впрочем, дејството се случи во неделата вечер оттогаш имаше доволно време да се преземат сите мерки.

Министерството за правда нема под себе ниту Обвинителство, ниту полиција за да може да направи што било, само можам да пренесам информација, рече Маричиќ.

МИА/Фото: Фејсбук/Маричиќ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нема новогодишна еуфорија во Струга

Редакција

Војната меѓу Израел и Хамас ќе ја затемни и онака мрачната глобална економска перспектива, предупредуваат од ММФ

Редакција

Само со лична карта низ Западен Балкан – Владата ја усвои информацијата за склучување на Договорот за слобода на движење

Редакција