еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Потврдена затворската казна за градоначалникот Белери, односите помеѓу Грција и Албанија дополнително ќе се влошат

Од страна на албанскиот Специјален апелациски суд е потврдена двегодишната казна за градоначалникот на Химара, етничкиот Грк, Фреди Белери, кој пред извесно време во Грција беше избран и за европратеник (има двојно државјанство), како кандидат на владејачката Нова демократија.

Случајот со Белери ги влоши односите помеѓу Грција и Албанија, а потврдата на казната дополнително ќе ги ги зголеми тензиите помеѓу двете земји.

Токму поради овој случај Албанија се уште не ги почнала преговорите со Европската Унија.

Белери заврши во затвор поради обвинение за купување гласови на ланските општински избори, кога повторно беше избран за градоначалник, но се уште не дал заклетва за таа функција.

Очекувано на одлуката на Судот реагираа од грчкото Министерство за надворешни работи, од каде велат дека истата ја потврдува загриженоста на Грција за владеење на правото и заштитата на малцинствата во Албанија.

Од таму посочија дека Белерис не е само избран градоначалник на Химара, туку е и избран за пратеник во Европскиот парламент.

-Затоа, обврска на албанските власти е да ги преземат сите неопходни мерки за да му се даде можност да присуствува на работата на Европскиот парламент, почнувајќи од пленарната седница во јули, соопштија меѓудругото од грчкото МНР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фреди Белери кој ги скара Грција и Албанија од затвор стана европратеник

Фото: Белери/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Парламентарното мнозинство нема да гласа за брзи предвремени избори, велат од СДСМ

Редакција

Зошто Димитров не го пречека Ципрас пред Влада

Редакција

Адинг ги објави платите и наградите на менаџментот за минатата година

Редакција