Адвокатката и политичарка Јагнула Куновска почина денеска на 81-годишна возраст.
Во 1990 година беше основач на македонската политичка партија Движење за семакедонска акција (МААК).
Во 2006 година беше кандидидат за пратеник на изборите во скопскиот и кумановскиот регион како дел од Новата социјалдемократска партија, за потоа да стане член на ВМРО-ДПМНЕ.
Куновска во 2013 година, беше и кандидат за градоначалник на Општина Карпош.
Куновска заврши Правен факултет и работеше како адвокат.
Фото: Куновска/принт скрин
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.