еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Нема да се зголемуваат цените на патарините

Владата преку Министерството за транспорт и врски и Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП), нема да ја зголеми цената за наплата на патната такса, информираат од ресорното Министерство.

Како што нагласуваат, средствата собрани од наплата на патната такса, согласно плановите на Владата ќе се инвестираат директно за реализација на најкрупните инфраструктурни проекти и тоа во изградба на автопати на Коридорот 8 и 10д, како и останатите автопатски делници со вкупна должина од преку 190 километри, во изградба на експресни патишта во должина од 64 километри, во рехабилитација на регионални и магистрални патишта од преку 150 километри и во преку 450 километри локални патишта.

– Првичните анализи покажаа дека цените на градежните материјали во инфраструктурата само оваа година во споредба со 2021 година се зголемени меѓу 30 и 55 проценти и се во постојана осцилација, што директно влијаат врз буџетот на Јавното претпријатие за државни патишта и реализацијата на капиталните проекти.

Но, и во такви услови со зголемени цени на градежните материјали, Владата преку Министерството за транспорт врски ЈПДП останува на ставот дека цената на патарините нема да се зголеми, соопшти Министерството за транспорт и врски.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат

Редакција

Очув со тупаници удирал едногодишно дете по глава додека го превезувал кај дадилката

Редакција

Убава вест: Оздравени 538 лица кои боледувале од Ковид-19

Редакција