еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

По Хрватска и БиХ, Црна Гора е третата балканска земја која повикува на бојкот на маркетите

Заради неоправданото зголемување на цените од страна на трговците, Хрватска „повлече нога“ во бојкотот на продавниците и супермаркетите. Нивниот пример го следат уште две балкански земји, најпрво Босна и Херцеговина, а по неа и Црна Гора.

Бојкотот во БиХ е закажан за на 31 јануари (петок), на истиот датум кога во Хрватска ќе се организира нов, откако првиот помина успешно.

Црногорската невладина организација „Институт алтернатива“ исто така повика на бојкот на сите супермаркети и продавници, за во петок.

„Тоа нема никаква врска со политика. Високите цени подеднакво ги погодуваат сите граѓани,“ се вели во соопштението.

Во него се додава дека цените се екстремно високи и дека водечките трговски синџири ги договараат цените.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

И во БиХ најавен бојкот на продавници, во Хрватска ќе се организира нов

(Видео) Бојкот во Хрватска успешен, драматично намален прометот вчера

Во Хрватска денеска бојкот на продавници, маркети и бензински пумпи поради постојаното зголемување на цените

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Игеа Мак“ го доби тендерот за одржување на електронскиот катастар вреден 767.000 евра

Редакција

„Виз ер“ ќе лета од Скопје за Салцбург

Редакција

Нови 98 случаи на Ковид-19, најмногу во Скопје и Куманово

Редакција