Матрона Конс, консалтинг компанија која работи на промоција на извозот, стратешки развој и интернационализација на бизниси (Скопје, Љубљана, Белград), е горда што преку Export Academy by Matrona Cons нуди едукација и поддршка за компаниите и поединците кои сакаат да постигнат успех на глобалните пазари.
Во 2021 година, во соработка со домашни и меѓународни експерти, Export Academy by Matrona Cons беше основана како прв центар за бизнис интернационализација во земјата. Академијата има за цел да им помогне на компаниите да ги подобрат своите извозни перформанси преку обуки, вебинари и настани, користејќи најнови научни достигнувања и експертски искуства.
Со текот на годините, Export Academy има организирано бројни обуки, како онлајн така и со физичко присуство, дел од нив реализирани со поддршка од Министерството за економија.
Особено се истакнува акредитираната програма „Комерцијалист за меѓународна продажба“, одобрена од Министерството за образование, што претставува прв ваков чекор во нашата држава. Оваа програма е креирана за да ги подготви учесниците за предизвиците на меѓународната трговија преку интензивна обука со вкупно 158 часа, од кои 58 часа се посветени на теоретска настава и 100 часа на практична работа.
Програмата е уникатна по својата мултидисциплинарна содржина која ги покрива сите клучни аспекти на извозот – комерција, маркетинг, финансии, логистика, право, како и технички детали поврзани со извозните процеси. Акцентот е ставен на интерактивно учење, прилагодено на специфичните потреби на учесниците, и обезбедување на меѓународно признат сертификат.
„Со оваа акредитирана програма поставуваме нови стандарди во едукацијата за извоз. Наша цел е да ги опремиме учесниците со знаења и вештини кои директно ќе придонесат за зголемување на конкурентноста на македонските компании на глобалниот пазар,“ велат од таму.
Поддршка за извозот – клуч за економскиот раст
Export Academy by Matrona Cons е првиот центар за бизнис интернационализација, кој преку обуки, вебинари и настани поддржува компании да ги подобрат своите извозни стратегии и да намалат ризиците при пробив на странските пазари.
Зголемувањето на извозот бара заеднички напор од државата, стопанските комори, образовните институции и компаниите.
Со акредитирана обука, компаниите добиваат практични знаења за усогласување со меѓународните стандарди, развој на производи и услуги со додадена вредност, како и управување со ризиците поврзани со извозот.
„Акредитацијата од Министерството за образование е потврда за квалитетот и релевантноста на нашата програма, која ја гледаме како чекор напред во трансформирањето на извозниот потенцијал на нашата држава,“ изјави Тања Евросимовска, основачката на Export Academy by Matrona Cons.
ПР-објава