еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Претседателката на Антикорупциска отфрлала и пријави за „Адитив“

Претседателката на Државната комисија за спречување корупција (ДКСК), Татјана Димитровска, која е осомничена за случајот „Адитив“, поради одавање на службени тајни, отфрлила и пријави за истиот случај, објави телевизијата Телма.

Во периодот кога според Основното јавно обвинителство, одвала податоци на осомничениот во „Адитив“, поранешниот директор на ТЕЦ Неготино, Небојша Стојановиќ, таа отфрлила пријава токму за тендерот за набавка на адитив, за што е и отворен овој случај.

Според телевизијата, ДКСК првата пријава ја добила во јануари 2024 година, а ја отфрлила во јуни.

ДКСК освен оваа пријава отфрлена со потпис на Димитровска добила уште една, неколку месеци подоцна во април за истиот тендер за набавка на адитив.

Одлуката да се запре постапувањето по втората пријава била донесена во декември, објави телевизијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Димитровска не поднесува оставка: Комуницирав со семеен пријател, пред да биде обвинет во случајот „Адитив“

Каков имот пријавила Татјана Димитровска, претседателката на Антикорупциска, која е осомничена за „Адитив“

Која е Татјана Димитровска, претседателката на Антикорупциска, која е осомничена за „Адитив“ и остана без пасош

Фото: Телма

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Катица Јанева донесена во обвинителството, ќе врши увид во доказите за „Рекет“

Редакција

По донесувањето на новите мерки Филипче се вратил на одмор во Грција

Редакција

Ново потресно сведоштво на девојка за злоставувањата од Алексиќ: „Повраќав после секое силување, траеше седум месеци“

Редакција