20-годишна студентка од Белград, чиј што идентитет не се открива, во сведоштвото изнесе потресни детали од сексуалното злоставување на кое била изложена од страна на професорот по глума Мика Алексиќ кој се наоѓа во притвор.
„Ме силуваше речиси секој вторник и тоа траеше седум месеци. После часови повраќав, ослабев, се исушив. Ни денес не ја вратив нормалната тежина. Започна две недели по мојот 18 роденден. Како да чекаше да станам полнолетна, иако другите девојки беа и помлади кога ги злоставувал.
Некој да не нападнеше на улица и да не одведе во подрум, можеби ќе можевме да се одбраниме, но не и од него. Бидејќи тоа се случуваше од тој што не воспитуваше. Тој не воспитуваше, ни родителите, ни училиштето, ни пријателите. Тој беше клучниот ментор,“ вели таа за Блиц.рс.
Оваа девојка е една од шесте ученички на Алексиќ, кои го пријавија во полиција за сексуално злоставување.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
И актерката Ива Илинчиќ проговори за Мика Алексиќ: „Се срамев, бидејќи бев злоставувана“
Мика Алексиќ ги негира кривичните дела „силување“ и „недозволени сексуални дејства“ за кои се товари
Фото: ТВ Лица/РТС