еМагазин
Image default
Балкан

Мика Алексиќ ги негира кривичните дела „силување“ и „недозволени сексуални дејства“ за кои се товари

Професорот по глума Мирослав Мика Алексиќ беше сослушан пред Вишото јавно обвинителство во Белград, каде што ги негираше обвинувањата дека ги злоставувал Милена Радуловиќ и останатите ученички во своето училиште по глума, објави Новости.рс.

Обвинетиот се товари дека во периодот од 2008 до 2020 година извршил осум кривични дела „силување“ од член 178 од Кривичниот закон и 7 кривични дела „недозволени сексуални дејства“ на шест жртви од кои една малолетна, а според другите повредени страни, извршителните дејствија биле преземени додека биле малолетни како и по полнолетството.

За време на сослушувањето, осомничениот ги негирал извршените кривични дела за кои се товари.

Обвинителство предложило притвор, а имајќи ја предвид тежината на кривичните дела, од таму соопштија дека продолжуваат со истрагата, но без да изнесат детали.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Јавноста шокирана: Приказната на актерката Милена Радуловиќ за силувањето од страна на „угледниот“ професор по глума Алексиќ го крена Балканот на нозе

И актерката Ива Илинчиќ проговори за Мика Алексиќ: „Се срамев, бидејќи бев злоставувана“

Фото: ТВ лица/РТС

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Тројца патници загинаа, а 180 се повредени при излизгувањето на авионот на „Пегасус ерлајнс“ на истанбулската писта

Редакција

Каменос на мака: Преку Твитер го острани и заменик-министерот Кокалис од пратеничката група на Независни Грци

Редакција

Вучиќ на пораката на Заев со извинување му возвратил со „Поздрав друже“

Редакција