еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

(Видео) Новинарите на „Фикс Фаре“ купија калашников и покажаа колку лесно може да се набави било какво оружје во Албанија

Емисијата „Фикс Фаре“ во истражувачка сторија преку видео и аудиоснимки покажа колку е лесно да се набави секаков вид оружје во Албанија без да се има никаква дозвола од полицијата за нивно користење и продажба, пренесува Топ чанел, во чија програмска шема е емисијата.

Сторијата под наслов „Скандал: Црниот пазар на оружје, Фикс набави калашников од милион леки среде Драч“ новинарите се пазарат за набавка на пиштоли и автомати, па дури и успеваат да купат автомат калашников. Купувањето се врши сред бел ден во еден од најголемите градови во земјата, Драч.

Огненото оружје заедно со куршуми им било продадено на новинарите на „Фикс“ за милион леки.

Продавачот дури им ветува дека може лесно да им набави пиштол, во зависност од барањето.

Првите разговори со продавачот се водат во кафеана, каде што тој вели дека пиштолот чини 1,5 милиони леки.

Само два дена подоцна, новинарката се пазари да купи автоматска пушка од истиот човек, овој пат за милион леки.

Продавачот, претставен како Марин Пренга, оружјето го чувал во штала со сено, каде ја носи и новинарката и ја уверува дека оружјето е во многу добра состојба. И кажува дека претходно продавал и динамит, но оти сега се плаши.

Новинарите веднаш го пријавиле случајот и го предале оржјето во полицискиот комесаријат во Драч.

Полицијата веднаш презела активности и го привела шверцерот Марен Преску, кој на новинарите им се претставил под друго име Марин Пренга.

МИА/видео: Top Channel Albania

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Звучни имиња на најновата листа должници на УЈП

Редакција

Инспекторатот за употреба на јазиците вработува седум лица, плата до 32.868 денари

Редакција

Доктор Лазаров: Срамота е и греота да плаќа народот и понатака за тестови за Ковид-19

Редакција