еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

(Видео) Нов масовен протест во Атина и низ Грција и генерален штрајк поради железничката несреќа

Илјадници граѓани и денеска протестираа во Атина во рамките на генералниот 24-часовен штрајк организиран од најголемите синдикати поради несреќата кај Темпи, а по завршувањето на протестот се случија мали инциденти на плоштадот Синтагма меѓу маскирани лица и полицијата.

Групата маскирани лица на централниот атински плоштад фрли неколку молотови коктели, по што полицијата одговори со солзавец и шок бомби.

Денешните собири беа масовни, а голем дел од демонстрантите од пред грчкиот Парламент се упатија кон канцелариите на „Hellenic train“, каде што и го завршија протестот.

Исто како и минатата седмица, но како и на протестите во изминатите 15 дена, граѓаните преку слогани и пораки побараа сите одговорни да бидат казнети за несреќата кај Темпи во која животот го загубија 57 лица, но и да не се повтори трагедијата.

Протести се одржаа и во други грчки градови.

Грчките синдикати на вработените во државниот сектор (АДЕДИ) и на вработените во приватниот сектор (ГСЕЕ), како и синдикатот на Комунистичката партија (ПАМЕ) утрово започнаа 24-часовен генерален штрајк.

Денеска во Грција не функционираат државните служби, затворени се училиштата, бродовите и траектите се закотвени на пристаништата, проблеми има во авионскиот сообраќај со откажани летови, поради штрајкот на контролорите на летање, а јавниот превоз во Атина ќе работи само неколку часа.

МИА/фото/видео: Твитер

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонија е со него: Малиот Марко Пејчиновски го стартува 64-километарски маратон за лицата со ретки болести

Редакција

(Видео) Граѓани обвинуваат дека се кријат новозаболените од корона вирусот во Србија: Исвиркана премиерката Ана Брнабиќ

Редакција

Никакво затоплување на повидок: Денеска попладне локален пороен дожд, грмежи и ветер

Редакција