еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Приватните специјализанти го ставија штрајкот во мирување, секој вторник ќе потсетуваат на барањата

Приватните специјализанти, привремено го ставија штрајкот во мирување, но секој вторник ќе потсетуваат на нивните барања. Ваквата одлука е донесена поради, како што велат сензитивниот период на избори.

Тие секој вторник за време на својата пауза, во 11 часот ќе се собираат во паркот пред интерните клиники, со цел да покажат дека чекаа да им се решат проблемите.

Специјализантите се оградуваат од каква било политичка поврзаност на штрајкот и порачаа дека единствениот мотив за него е тоа што како приватни специјализанти биле „доведени до работ на егзистенцијата“.

Специјализантите се надеваат дека по завршување на изборниот периодм нивните барања ќе бидат исполнети.

Владата најави дека нивното прашање ќе биде решено по изборите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Барањата на приватните специјализанти ќе се решаваат по изборите

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ќе ја „падне“ ли и техничката влада кавгата на Таравари и Села?

Редакција

Oд утре леб ќе може да се купи и за 32 денари, поевтини млечни производи по Нова година

Редакција

Град Скопје склучи договор со „Бауер БГ“ вреден 7,6 милиони евра

Редакција