еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Приведени две лица од групата на Штекли, пронајдени 4,5 килограми кокаин

Основното јавно обвинителство (ОЈО) соопшти дека се приведени две лица кај кои биле пронајдени 4,5 килограми кокаин.

Директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ), Александар Јанев, на својот Фејсбук профил информираше дека дрогата припаѓала на криминалната група на скопјанецот Раде ТрајковскиШтекли.

-Одземени се над 4 килограми кокаин од групата на Штекли. Упорноста и професионализмот се клучни за успешната истражна работа. Во координација со јавниот обвинител, продолжуваме со активностите против оваа криминална група.

По само нецел месец од претходната акција, повторно запленивме значителна количина дрога од истата банда. Борбата против недозволената трговија продолжува – нема непобедливи криминални структури, напиша Јанев.

ОЈО информираше дека за двајцата приведени е побаран притвор и куќен притвор.

-По анализа на материјалните и видео докази, обезбедени при претресите на 18 и 19. јануари, денеска од слобода се лишени две лица. Тие се сомничат за кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на психотропни супстанци и прекурсори“, соопштија вчера од Обвинителството.

Истражителите од Лабораторијата за дигитална форензика откриле дека првоосомничениот, приведен во Гевгелија, сокрил 3,5 килограми кокаин во бункер на патничко возило.

-При дополнителни претреси во домовите на приведените, пронајден е уште еден килограм кокаин. Обвинителството издаде наредба за истрага и побара притворски мерки од судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд – Скопје, информираа од ОЈО.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Штекли и уште девет членови на неговата група завршија во затворот во Шутка

(Фото) Што пронајде полицијата кај Раде Трајковски Штекли и неговите соработници

Пари, возила, оружје, дрога одземени при апсењата на Штекли и соработниците: Детали од МВР за акцијата

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во тешка сообраќајна несреќа, загина кошаркарската легенда Благоја Георгиевски-Буштур

Редакција

За бројчаникот на Порта Македонија Заев платил 7.000 евра

Редакција

Донирајте за „Одмор за едно семејство“, за 15 семејства да заминат на море

Редакција