Сега веќе поранешниот в. д. директор на Специјализираната болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“ Скопје, Мухсин Арифи, кој заврши во притвор за поткуп од 20 илјади евра е исклучен од неговата партија Алијанса за Албанците (крилото на министерот за здравство Арбен Таравари).
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уапсениот директор на Геријатрија примил поткуп од 20.000 евра за да смести неподвижно лице
Како што информираа од Основното јавно обвинителството за гонење организиран криминал и корупција тој барал 100 илјади евра поткуп, а на крај ја прифатил сумата со која беше уапсен.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тој бил и претседател на огранокот на Алијансата за Албанците во Сарај. Разрешен е и од таа позиција, информираа од партијата, се до донесување на конечна одлука од надлежниот суд.
Фото: Арифи/Фејсбук