Девет осомничени лица во случајот за инвалидските пензии и туѓа помош стекнати со лажни дијагнози добија притвор од 30 дена.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Како што информираа од Основниот кривичен суд, пет од осомничените одат во куќен притвор, а на девет им се одредени мерки на претпазливост, односно имаат обврска да се јавуваат во судот и им се одземени патните исправи.
-Судии на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, кои во текот на вчерашниот ден постапуваа по предлогот на јавниот обвинител за определување мерки за обезбедување присуство и мерки за претпазливост против 24 лица од кои 23 беа спроведени во судот, а едно лице се уште не е недостапно за органите на спровод, осомничени за повеќе кривични дела, а поврзани со акцијата на ОЈО ГОКК за злоупотреби со утврдување услови за добивање парична помош за туѓа нега и помош за лица со попреченост и неспособност за самостојно живеење, донесоа решенија, согласно предлогот на јавниот обвинител и нивното произнесување пред судиите на претходна постапка, велат од Кривичен.
Против овие решенија странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ