еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Просечната нето-плата во ноември 41.999 денари

Просечната исплатена нето-плата во ноември изнесувала 41.999 денари, што е зголемување за 9,5 проценти во однос на ноември, објави денеска Државниот завод за статистика.

Просечната бруто-плата во ноември изнесувала 63.154 денари.

Зголемувањето на нето-платата се должи, пред сѐ, на зголемувањето во секторите Уметност, забава и рекреација каде се бележи зголемување за 15,3 проценти, кај Транспортот и складирањето за 12,7 проценти и кај Преработувачката индустрија за 11, 2 проценти.

Намалување на просечната нето-плата е забележано во секторите Рударство и вадење на камен, Дејности во врска со недвижен имот и Земјоделство, шумарство и рибарство.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На 86-годишна возраст почина Силвио Берлускони

Редакција

Обвинителката Стефанова побара поблаги казни за Јанкулоска, Јанакиески, Протуѓер бидејќи признале вина за „Титаник“

Редакција

Ако САД навистина се грижи за украинскиот народ да престане да испорачува оружје за Украина, повика Кина

Редакција