еМагазин
Image default
Бизнис

Просечната нето плата во ноември лани, 38.359 денари

Државниот завод за статистика (ДЗС) соопшти дека просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во ноември лани изнесувала 38 359 денари.

Според ДЗС, зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во споредба со претходниот месец, има во секторите: Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (23.8 %), Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (22. 0%), Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината (19.4 %).

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец е забележано во секторите: Дејности во врска со недвижен имот (8.0 %), Рударство и вадење на камен (5.9 %), Финансиски дејности и дејности на осигурување (4.6 %).

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Макпетрол: Цената на природниот гас за март ќе биде за 11% пониска

Редакција

Заев, Анѓушев, Крешник ќе одат на самитот во Давос

Редакција

Телеком Србија, преку МТЕЛ, од пролет стартува и со понуда за мобилна телефонија, вели генералниот директор, Владимир Лукиќ

Редакција