еМагазин
Image default
Бизнис

Просечната нето плата во октомври 38.843 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во октомври 2023 година, изнесува 38.843 денари, соопшти Државниот завод за статистика (ДЗС).

Според податоците на ДЗС, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во октомври 2023 година, во однос на октомври 2022 година, изнесува 117.3.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (26.2 %), Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината (20.2 %), Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (20.0 %).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Дејности во врска со недвижен имот (8.2 %), Финансиски дејности и дејности на осигурување (6.5 %), Дејности на здравствена  и социјална заштита (4.6 %).

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Околу 900 вработени во УЈП ќе добијат повисоки плати за 30%

Редакција

Чифлиганец преку Адора инженеринг ја зацврстува довербата во Комерцијална банка

Редакција

Разрешни директорите на РЕК Битола и РЕК Осломеј, кои се новите в.д. директори

Редакција