еМагазин
Image default
Бизнис

Просечната нето-плата во февруари 39.276 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во февруари изнесува 39.276 денари, соопшти Државниот завод за статистика (ДЗС).

Индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во февруари 2024 година, во однос на февруари 2023 година, изнесува 116.5.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (24.9 %), Административни и помошни услужни дејности (22.5 %) и Уметност, забава и рекреација (20.4 %).

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Транспорт и складирање (10.1 %), Рударство и вадење на камен (7.2 %) и Земјоделство, шумарство и рибарство (6.3 %).

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Министерството за транспорт и врски склучи договор со Жикол вреден 1,3 милион евра

Редакција

Во април издадени за 34,7% повеќе одобренија за градба од април лани

Редакција

Колкава плата имал лани Бобан Гоговски, генералниот директор на Тетекс

Редакција