Од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираа дека денеска околу 09.00 часот во Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје било пријавено дека во селото Волково, скопско, имало пукање од огнено оружје, при што неколку лица биле повредени.
-Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека Р.Ц. и М.Н. од здобиените повреди починале на местото. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт.
Со повреди се здобил и еден малолетник, кој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување помош.
Како можен сторител на настанот се посочува М.Н..
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.