еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Раст на цената на горивата до 1 денар

Цената на Еуродизел (Д-Е V) од вечерва на полноќ се зголемува за 1 денар за литар, а цената на бензините Еуросупер БС-95, Еуросупер БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се зголемуваат за половина денар за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).

Со новата одлука цената на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 80 денари за литар, на Еуросупер БС-98, 82 денари за литар, а на дизелот 74 денари за литар.

Цената на Екстра лесното масло за домаќинство ќе изнесува 73,50 денари за литар.

Цената на Мазутот М-1 НС, се намалува за 0,802 денари за килограм, и новата ќе изнесува 47,209 денари за килограм.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бензинот „Еуросупер БС-95“ поевтинува за два денари

Редакција

Убава вест: Оздравени 280 болни од Ковид-19

Редакција

Драстично зголемување: Азил во ЕУ побарале лани побарале 4.4922 македонски граѓани, а 1.230 во 2020 година

Редакција