еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Речиси третина од фирмите чии лиценци ќе се одземаат имаат блокирана сметка или се неактивни

Иако на списокот на фирми на коишто ќе им се одземат лиценци за градежно работење и урбанистичко планирање што го објави Министерството за транспорт и врски има 479 фирми, всушност лиценци ќе им се одземат на 426 фирми, бидејќи на списокот има некои фирми што се повторуваат, а други на коишто им се одземаат по неколку лиценци, покажува истражувањето на Центарот за граѓански комуникации (ЦГК).

Поконкретно, по една лиценца ќе им се одземе на 92% од фирмите, односно на 390 фирми.

По две лиценци ќе им се одземат на 6% од фирмите, односно на 28 фирми, а по три лиценци ќе им се одземат на 2% од фирмите, односно на 7 фирми. Само на една фирма ќе и се одземат 4 лиценци.

Истражувањето на ЦГК за фирмите на коишто ќе им се одземат лиценци за градежно работење и урбанистичко планирање што го објави Министерството за транспорт и врски, покажува дека на фирмите ќе им се одземаат 11 различни видови лиценци.

Вкупно ќе бидат одземени 471 лиценца.

Одземените лиценци не се релевантни за фирмите да учествуваат на тендери

За најголем дел од 426. фирми, лиценците што ќе им се одземат не се услов за фирмите да работат и да добиваат државни тендери. Во моментов, само 11% од фирмите што се на листата за одземање лиценци имаат актуелни договори за јавни набавки, a само за 5% од фирмите – лиценцата што треба да им се одземе е релевантна за договорот.

-Инаку, од 426. фирми, само 101 имале добиено тендер во последните три години, во вкупна вредност од 77 милиони евра. Во моментов, актуелни тендери имаат 49 фирми, во вкупна вредност од 26 милиони евра.

Само 23 фирми кои имаат важечки договор за јавна набавка всушност ќе ја загубат лиценцата којашто била услов за добивање на тендерот. Овие фирми имаат вкупно 58 договори за јавна набавка, чија вкупна вредност изнесува 14 милиони евра, стои во истражувањето.

Според податоците од Централниот регистар, активни се 72% од фирмите чиишто лиценци ќе се одземат. Останатите 28% од фирмите се со блокирана сметка или се правно или деловно неактивни.

128 милиони вкупни приходи, но само 8% од фирмите имаат приходи над 1 милион евра

Од 426. фирми на списокот за одземање лиценци, приход во последната година за којашто има објавено податоци, односно 2023 година, оствариле 85% од фирмите, односно 363 фирми. Нивниот годишен приход во 2023 година изнесувал 128 милиони евра.

Сепак, најголем дел од овие фирми остваруваат ниски годишни приходи. 31% од фирмите имаат годишен приход помал од 15 илјади евра, додека приходи поголеми од 1 милион евра имаат само 33 фирми, односно 8%.

Само 3% од фирмите имаат по повеќе од 10 вработени

Во однос на вработените, во сите 426 фирми чии лиценци ќе бидат одземени работат 2.188 лица. 4% од овие фирми немаат вработен, а 3% имаат само еден вработен. Со повеќе од 10 вработени се само 3% од фирмите.

Истражувањето е спроведено врз основа на податоците за имињата на фирмите објавени на списокот на Министерството за транспорт и врски, податоците од Електронскиот систем за јавни набавки, како и податоците за статусот и финансиските резултати од Бизнис мрежа.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тито Петковски: Местото на францускиот предлог му е на референдум

Редакција

Горивата поскапуваат од половина до 2,5 денари

Редакција

Самоизолација и за министерот за образование Арбер Адеми

Редакција