еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Родителите на Васил изразија сочувство до семејството на Фросина, велат дека тој го украл автомобилот

Семејството на обвинетиот Васил Јованов кој ја прегази Фросина Кулакова на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје, денеска изрази сочувство до семејството на Фросина, пренесе државната агенција МИА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Адвокатот на Јованов денеска планирал да објави видео снимено непосредно по несреќата, медиумите ќе го бојкотираат

Тие, заедно со бранителот на Васил, адвокат Сашко Дуковски, на денешната прес-конференција зборуваа за околностите на настанот, нивното длабоко жалење и демантираа повеќе од наводите изнесени во јавноста, пренесува агенцијата.

Според изјавите на родителите, Васил по првата пресуда не консумирал дрога и алкохол и работел со психолог.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Васил Јованов, кој ја усмрти Фросина, доби 3 години и 10 месеци затвор за претходното дело

Вечерта на несреќата, по подолго време се напил алкохол при отворање на кафуле на негов пријател.

Посочија дека не му дале дозвола на Васил да го управува автомобилот без возачка дозвола и дека тој го украл од нив. Негираа каква и да било поврзаност со судијката Даниела Алексовска Стојановска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавила судијката Алексовска Стојановска, која Филков ја разреши од работна група во Министерството за правда

– Ние сме фамилија на која приходите исклучиво им се од плата. Не сме богата фамилија, уште помалку влијателна и немам никаде и кај никого интервенирано за било какво намалување на казните на син ми. Немаме други станови во Скопје.

Судијката на случајот воопшто не ја познавав претходно, ја видов во судница. Од аспект на родител не направив ама баш ништо за Васил да поминува неказнет низ системот како што беше кажано.

Тоа најодговорно го тврдам, пред Бога и пред вас. Најдлабоко сочувство до семејството на родителите, рече таткото на Васил.

Рече дека уште од првиот момент кога разбрал за настанот, чувствувал потреба да изрази сочувство, но дека имало напади кон возачот и проценил дека во тој момент може само да ја влоши ситуацијата доколку изрази сочувство.

– Размислував да го направам тоа на самото лице место кога сфатив дека тоа се нејзините родители, но имаше ситуација од нивни блиски, се упатуваа закани кон возачот.

Направив проценка дека ако во тој момент пристапам кон родителите најверојатно само ќе ја влошам состојбата, така барем размислував.

Тогаш помислив дека е најдобро за неколку дена, но работите отидоа предалеку и немаше простор за лично сочувство, затоа мораме вака јавно да изразиме сочувство, рече таткото на Васил.

Бранителот на Васил, адвокат Дуковски, демантираше повеќе наводи изнесени во јавноста, како што се брзината на возење во моментот на несреќата и наводните протекции на родителите.

Рече дека вешташењето е вчера почнато и повика немсто повици за линч, да се остави институциите да си ја работат работата, пренесува МИА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Постапката која се води Васил Јованов, проширена и за неговите родители

Има организиран превоз од Скопје за протестот за Фросина во Неготино во сабота

Васил Јованов сакаат да го претстават како да се шекнал од болка, вели Тодор Кулаков, таткото на Фросина

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: 23 оздравени од Ковид-19

Редакција

За минимални месечни трошоци на четиричлено семејство во јануари му биле потребни 50.799 денари

Редакција

Врнежите ќе престанат до вечер, од утре сончево со мала облачност

Редакција