еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Родителите на таткото на Вања потврдија дека е поранешен зависник од дрога

На денешното рочиште за убиството и грабнувањето на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес, сведочеа и бабата и дедодото на Вања, Иванка Ѓорчевска и Зоран Ѓорчевски, родители на нејзиниот татко, Александар Ѓорчевски, еден од обвинетите.

И двајцата ги потврдија неофицијалните информации кои се појавија откако Ѓорчевски беше уапсен, дека е поранешен зависник од дрога.

-Во младоста имаше проблеми со зависности, ама се излекува пред да се ожени, рече таткото на Ѓорчевски, кој за исчезнувањето на внука му дознал случајно, откако се слушнал телефонски со неговата поранешна сопруга, мајката на Александар Ѓорчевски.

– Јас сум во постојан контакт со семејството, се јавив да прашам како се. Се јавив, мајка му на Сашо плачеше, ме извести дека ја нема Вања. Ние сме 40 години разведени. Го побарав на телефон Александар за да ми каже што се случува и тој ми рече дека ја нема Вања, не е стасана на училиште.

Јас реков кажете што треба во секое време да се вклучам, рече тој, а на прашањето дали го познава пријателот на неговиот син, Гоце Трајковски, рече дека со неговата фамилја се кумови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сведокот Трајковски, кој ги прегледувал снимките со таткото на Вања, не дојде на судењето, имал паничен напад

Рече и дека неговиот син работел цело време, со прекини од 2-3 месеци, во Фершпед, во Кометал, па пак во Фершпед. Кога се случило исчезнувањето на Вања, не работел никаде два три месеци. Се издржувал со пензијата на мајка му и со неговата пензија.

Со Љупчо Палевски Палчо, првообвинетиот рече дека не се познавал.

И мајката на Александар Ѓорчевски, Иванка Ѓорчевска, рече дека тој имал проблем со зависност од дрога пред 30 години и дека не се познава со Палчо.

Раскажа и како дознала за исчезнувањето на нејзината внука.

– Утрото Александар беше дома, ми рече дека му се јавила Зорица (мајката на Вања, н.з.) и му кажала дека Вања ја нема, се облече и истрча. Кај 9 му се јавив, дали ја нашле. Рече, не мамо, во полиција сме, пријавивме, ја нема Вања.

Мене ми се вртеа разни мисли, размислував што му се случило. Јас како баба помислив на најлоши работи, дека е грабната за органи, за проституција. Како одминуваше времето, сѐ полошо ми беше. Јас седев дома, ќерката ми се јавуваше да ми каже дали нешто нашле, дали имаат трага, рече таа.

Сведочеше и Оли Нешковиќ, сестрата на Александар Ѓорчевски, која кажа дека се јавувале и во Министерството за надворешни работи, во босанска детективска агенција, во амбасадата на САД, му пишале и на Илон Маск за сателитски снимки и рече дека од американскиот претседател Џо Бајден да имала број, ќе му пишела.

И таа кажа дека не го познава првообвинетиот Палевски.

За Гоце Трајковски, кажа дека мајка му Кираца Трајковска ги споила после настанот за да помогне околу потрагата на Вања.

Сведочеше и нејзиниот син, Иво Нешковиќ, кое меѓудругото рече дека често му позајмувал пари на вујко му, но дека му ги враќал.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кираца Трајковска прва го поврзала грабнувањето на Вања со исчезнувањето на Панче

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Како ќе изгледаше светот доколку природата и универзумот беа корумпирани

Редакција

Во Тетово од Ковид-19 починаа четири пациенти, најмладиот на 53-годишна возраст

Редакција

Нов раст: 805 нови случаи на Ковид-19 од 6.980 тестирањa

Редакција