Сведокот Гоце Трајковски и денеска нема да сведочи на судењето за убиството и грабнувањето на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес, информираа од Основното јавно обвинителство.
Тој е пријател на таткото на Ѓорчевска, Александар Ѓорчевски, кој е помеѓу обвинетите, со кого заедно прегледувале снимки по нејзиното исчезнување.
Трајковски до пред неколку дена беше во бегство, откако беше осомничен за подметнување на пожар во скопска Кисела Вода. Тој самиот и се предаде на полицијата
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Обвинителството ќе продолжи да ги изведува снимките како доказ. Доколку заврши со изведувањето на овие докази, после рочиштето јавната обвинителка ќе даде изјава.
Меѓутоа, бидејќи има најави дека еден од обвинетите сака да се произнесе во однос на барање за изземање, доколку тоа потрае и денеска не заврши изведувањето на снимките, изјавата ќе биде поместена за следното рочиште односно по целосното изведување на снимките како доказ“, информираа од Обвинителство.
Трајковски е син на Кираца Трајковска, која веќе сведочеше.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ќе сведочи ли Гоце Трајковски: Денеска продолжува судењето за убиството на Вања и Панче
Сведокот Трајковски за случајот за убиството на Вања и Панче во бегство, осомничен за пожар