Промената на државниот грб на Македонија по повеќе од една деценија е повторно на маса на политичарите.
Премиерот Христијан Мицкоски, вчера потврди дека за тоа разговара во Владата и потсети дека во времето кога беше премиер Никола Груевски, имаше договор за промена на истиот помеѓу тогашните владини партнери, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Некои од партиите денеска излегоа и со свои предлози, а опозициската СДСМ пак е против промена на државниот грб.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Од ЛДП го предлагаат рисот како консензуално решение за новиот државен грб
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче денеска на прес-конференција рече дека од партијата најостро ќе се спротивстават на оваа идеја и праша дали освен за овој предлог коалицијата ВМРО-ДПМНЕ – Вреди не разговара и за промена на химната.
„Ние сметаме дека грбот хералдиски ги отсликува сите карактеристики на ова поднебје, јасен е континуитетот и од придобивнките на народно-ослободителната и антифашистичка војна, нема никаква поделба во однос на на етнички групи и ако има таква иницијатива, со сите демократски средства најостро ќе се спротиставиме на промената на државниот грб“, рече Филипче.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Касами е за промена на државниот грб и на химната