Седумте приведени полициски службеници констатирале дека т.н. дискотека во Кочани ги исполнува законските услови за работа, соопшти денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Приведени началници и полициски службеници од Штип и Кочани за пожарот во дискотеката
Станува збор за началници и полициски службеници во Кочани и Штип, кои како што кажа министерот, потпишувајќи и одобрувајќи позитивна согласност му овозможиле на правното лице да се стекне со лиценца за вршење угостителска дејност кабаре, иако објектот не ги исполнувал законските услови за работа
-Првиот, како главен инспектор за сообраќајни работи во Одделението за полиција во Секторот за внатрешни работи (СВР) Штип, и вториот, како самостоен инспектор за планирање резервен состав, превенција и справување со кризни состојби, констатирале дека кабарето ги исполнува законските услови во делот на заштита на јавен ред и мир и во делот на сообраќај.
Третиот, како началник на Одделение за полиција во СВР Штип, и четвртиот како началник на СВР Штип, одобриле и потпишале известување до Министерството за економија во кое е констатирано дека кабарето ги исполнува законските услови и со тоа што не извршиле целосна проверка пред да го издадат мислењето сториле незаконитост, рече министерот.
Петтиот, пак како документарист во Полициска станица на Општина Кочани, изработил телеграма во која не навел точни податоци дека во близина на кабарето има пријавени нарушувања на јавен ред и мир и пријавени кривични дела, а шестиот како заменик-командир и седмиот како началник на Одделение за внатрешни работи Кочани, иако знаеле дека има повеќе нарушувања на јавен ред и мир во кабарето и во близина на кабарето, ја потпишале и одобриле телеграмата.
-Со тоа, како службени лица не постапиле согласно прописите и мерките за заштита и не извршиле целосна проверка и со тоа предизвикале опасност по животот на луѓето, кажа министерот, посочувајќи дека со изготвување и потпишување на незаконски документи тие допринеле да се случи овој немил настан.
Станува збор за лиценцата за т.н. дискотека издадена во 2023 година.
Министерот посочи и дека досега е откриена уште една фалсификувана лиценца за дискотека во Скопје.
Досега притвор е одреден за 18 лица, а покрај седумте полициски службеници, денеска е приведено и едно одговорно лице во Министерство за економија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Вознемирувачко) Страшни сцени: Нова снимка од пожарот во дискотеката во Кочани
Фото: Игор Бансколиев