еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

Се враќаат старите цени за осигурување на регистрација на возила?

Од Министерството за финансии (МФ) информираат дека Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност во МФ одлучила да се укине поскапувањето на цените на осигурувањето од задолжителна автомобилска одговорност и да се вратат старите.

Пред неколку дена осигурителните компании самоиницијативно ја поскапеа задолжителната осигурителна полиса за регистрација на возила за 15,4 отсто.

Комисијата предлага измени на тарифата за премии за осигурување со кои трошоците за вршење дејност на осигурителните компании се ограничуваат на 15 до 30 отсто од техничката премија, со што ќе се вратат старите цени.

„Предложените измени се насока на утврдување на опсег од 15 отсто до 30 проценти, во кој друштвата за осигурување можат да го определат делот на премијата за вршење дејност на осигурување од автомобилска одговорност, а за секој износ на овие трошоци над 30 отсто, да побараат претходна согласност од Агенцијата за супервизија на осигурување.

Ова значи враќање на цената на осигурувањето од автоодговорност на ниво од пред 25. април 2024 година“, велат од МФ.

Конечната одлука по предложените измени треба да ја донесе Владата.

Дополнително е утврдено Комисијата најдоцна до 30. септември секоја година до Владата да доставува предлог за минимална и максимална стапка на техничка премија за осигурување за следната година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владата преку измени на Тарифникот да ги намали цените на полисите за задолжително осигурување од автомобилска одговорност, велат од АСО

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) И доктор од Итна медицинска помош од Македонски Брод даруваше крвна плазма за пациенти со Ковид-10

Редакција

Општина Куманово склучи договор со Пуцко петрол вреден 510,7 илјади евра

Редакција

(ВИДЕО) Нов албум на Каролина заедно со Дуке Бојаџиев и Исмаил Лумановски: Промовирана првата песна „Идила“

Редакција