еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Се грижиме една за друга: Женското здравје и менструалната правда повторно во фокус на работењето на dm дрогерие маркт

dm дрогерие маркт, која е препознатлива по својот општествено одговорен ангажман, како и континуираната посветеност на зајакнувањето на заедницата, повторно во фокус на своите активности го става женското здравје.

Со почетокот на месец јуни, под слоганот „Се грижиме една за друга“ dm дрогерие маркт го означи почетокот на широката иницијатива за подигнување на свеста за женското здравје: Во дванаесет земји во кои dm е присутен на пазарите, во период од неколку месеци, фокусот е на физичкото, менталното и емоционалното здравје на жените. Дополнително, dm сака да привлече внимание кон социјалните фактори кои се особено релевантни за здравјето на жените, како и детабуизација и дестигматизација на менструацијата и подобрување на менструалната правда во земјава.

„Сакаме да дадеме поттик за поздрав живот, да пружиме помош, да се занимаваме со табу теми и да привлечеме внимание на новите случувања и трендови. Околу 90 проценти од нашите купувачи и вработени се жени, па токму затоа оваа тема ни е посебно драга. Сакаме да се посветиме на грижата за женското здравје како дел од една сеопфатна иницијатива која ќе опфати повеќе сегменти од проблемите со кои се соочуваат жените,“ изјави Кристина Дуранска, маркетинг менаџер во dm.

Се грижиме една за друга

Во соработка со стручни лица од повеќе области како дерматолози, гинеколози, советници за исхрана и психолози, како и други експерти, dm во претстојниот период ќе обработува теми поврзани со женскиот циклус и здравјето на жените од сите возрасти.

Широкиот опсег на теми, почнувајќи од физичко здравје и исхрана, нега и заштита на кожа, ментално, социјално и менструално здравје се фокусира на женското зајакнување, грижата за себе и позитивниот став кон сопственото тело. Од овој јуни на своите канали и во самите дрогерии dm ќе обезбедува информации со кои сака позитивно да влијае на женското здравје и да ја поттикне свеста за тоа, како да се грижиме за себе.

Како дел од активностите кои се најавени за оваа година, во рамките на кампањата за женското здравје, dm дрогерие маркт најави бесплатни дерматолошки прегледи во Скопје и Охрид во текот на месец јуни, распишување на конкурс {ЗАЕДНО} едни за други за поддршка во реализација на проекти поврзани со менструалното и репродуктивното здравје на жените, како и dmPodcast, преку што има за цел да опфати релевантни теми од сегментите на женското физичко, ментално, менструално и социјално здравје.

ПР-објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Драма, трилери, насмевки и солзи, најдобрите регионални хит-серии во продукција на Телеком Србија ексклузивно на Суперстар

Редакција

(Фото) Националниот парк „Маврово“ ги збогатува содржините за авантуристички туризам: Се подготвува „Виа ферата“

Редакција

LIVSANE караванот викендов ги топлеше туристите во Маврово и Охрид

Редакција