еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Генералниот директор на Веро избран за менаџер на годината за 2020

Генералниот директор на Веро, Петар Денковски, е избран за Менаџер на годината за 2020 година. Оваа престижна награда Денковски ја доби во рамки на официјалниот избор на најуспешни мажи во Македонија за оваа година, во кој им беа доделени признанија на 13 мажи во исто толку категории кои постигнале исклучителни резултати во професионалниот и општествениот живот.

Еминентно жири составено од 25 угледни личности, признаени во својата област, одлучи да му ја додели наградата Менаџер на годината на Денковски, чија извонредна визија ја подигна компанијата на повисоко ниво. Наградата му ја додели поради имплементираните иновативни идеи и исклучителните успеси во работењето на Веро и Џамбо во последнава година откако дојде на раководната позиција во компанијата по поминати 10 години како дел од раководниот тим на Веро во Србија.

Со неговото работење, тој ја унапреди позицијата на Веро како еден од лидерите во малопродажниот сектор во Македонија, но и како општествено-одговорна компанија секогаш подготвена да им излезе во пресрет на најранливите категории граѓани. Покрај професионалните успеси, жирито го истакна и неговиот висок углед во јавноста стекнат со активното учество во кошарката во Македонија и Европа.

Примајќи ја наградата, Денковски истакна дека успешниот менаџер треба да биде комплетна личност која освен успешни резултати покажува и грижа и одговорност за вработените, потрошувачите, добавувачите и заедницата во која компанијата работи и се развива.

– Кога почнав да работам, моето мото беше „Играј како шампион, секој ден“. Ова мото ме води и денес, како во работата, така и во секојдневниот живот, при што се обидувам сѐ да направам победнички. На сите млади менаџери сакам да им порачам дека нема успех без напорна работа. Мора да работат, да бидат упорни, фокусирани, истрајни во зацртаните цели и да дадат максимум во сѐ. Верувајте во себе и никогаш не се откажувајте, успехот неминовно ќе дојде – порача Денковски.

Тој им ја посвети наградата на сите вработени во Веро и Џамбо кои во овој специфичен период со својата посветеност, пожртвуваност, истрајност и начин на работење покажаа дека се вистински амбасадори на компанијата што ја претставуваат.

Изборот за Маж на годината 2020 го организираат „Џентлмен магазин“ и „Фрајдеј комуникации“, настан со кој им оддаваат признание на мажите кои умешно го градат имиџот за себе и за институцијата или компанијата која ја преставуваат, истакнувајќи ги лидерите во различни области кои инспирираат со своите постигнувања.

ПРОМОТИВНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од 8-ми октомври започнува официјалната програма на КИНЕНОВА на Телевизија 24

Редакција

Одржан првиот форум за Персонализирана медицина и геномско профилирање: Унапредување на персонализираната медицина во пракса

Редакција

Пекабеско предвремено ги исплати обврските кон државата како поддршка во националната борба со коронавирусот

Редакција