еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Се проширува истрагата во „Адитив“, осомничени осум нови лица

Се проширува истрагата во предметот „Адитив“. Од Основното јавно обвинителство информираа дека денеска се приведени осум нови лица од Битола, Кичево и од Велес и е извршен претрес на една локација во Велес.

-Како резултат на обезбедениот доказен материјал донесена е уште една наредба за спроведување истражна постапка против 11 лица, информираа од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сите детали за акцијата „Адитив“: 23 лица проневериле 6,5 милиони евра

Три лица пак кои се опфатени со претходната истрага сториле и кривично дело перење пари и други приноси од казниво дело.

-За ова дело се осомничени и уште пет други лица, од кои првоосомничената се товари и за кривично дело злосторничко здружување.

На три лица опфатени со истражната постапка им се става на товар дека ги злоупотребиле службената положба и овластувањето. Воедно, во предметот, покрај досегашните четири кривично одговорни правни лица, опфатено е уште едно правно лице, чиј сопственик и управител е првоосомничената.

Ценејќи дека се исполнети условите, Обвинителството до судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје ќе предложи мерка притвор против првоосомничената и мерки на претпазливост за другите осум осомничени, а за тројцата осомничени за кои веќе се води истражна постапка остануваат претходно изречените мерки за обезбедување присуство.

Во меѓувреме, дополнително, на предлог на Обвинителството, замрзнати се 22.399.953 денари и едно патничко моторно возило во вредност од 4.735.000 денари.​

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) МВР распиша меѓународна потерница за Васко Ковачевски

30 дена притвор за Васко Стефанов, Васко Ковачевски останува недостапен

Каков имот пријавил Васко Ковачевски, кој е осомничен во „Адитив„

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шпанскиот министер за надворешни работи денеска во Скопје

Редакција

Организација на потрошувачи на Македонија: Не е во ред Македонски телеком да наплаќа провизија за плаќање сметка во салон

Редакција

Детали од Обвинителство за претресот во домот на Боки 13: Oдземени брендирана гардероба, накит, часовници, уметнички дела, оружје

Редакција