еМагазин
Image default
Забава ТОП СТОРИИ

Симон Трпчески со два концерти со проектот „Македонисимо“ во Македонска филхармонија

Симон Трпчески и пријателите со камерниот оркестар „Ајга“, ќе одржат два концерти со проектот „Македонисимо“ на 31 март и 1. април, во Македонска филхармонија.

„Драго ми е што нашите музичари од оркестарот можат да ги почувствуваат нашите гордост, љубов и среќа што ги чувствуваме за нашето потекло кога го свириме овој проект надвор и што ќе свириме со нашата млада, прекрасна и талентирана диригентка Ана Спасовска. Ова зборува за нашиот талент кој го имаме тука и треба повеќе да го одржуваме за да не ни бега надвор“, рече Трпчески на пресот по повод двата концерти.

Според него, овие концерти се една надеж за нашиот народ да се самопочтува и самоспознае во ова денешно бурно време, а сосемо е нормално да се почитуваат својата историја, своите корени и своето потекло.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ТАВ аеродроми најавува: Грчки Aegean ќе воведе нова авиолинија Скопје-Сараево од октомври

Редакција

Здравјето и безбедноста на вработените – еден од врвните приоритети во „Алкалоид“

Редакција

Вработените сами да го платат: Стопанската комора повторно побара задолжително брзо тестирање во приватниот сектор

Редакција