еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Сиљановска Давкова гледа деблокада на македонските евроинтеграции: „Има исчекор“

Македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова денеска изјави дека имало исчекор во македонските евроинтеграции и дека очекува деблокада на процесот.

Подвлече и дека Македонија покажала невидена и нечуена кооперативност во процесот, но и дека тој не зависи само од нас.

Оптимозмот претседателката го базира на „креативни предлози“ на Групата за пријатели на Западен Балкан.

„Ново е што Групата за пријатели на Западен Балкан е активна и има “креативни предлози“, во смисла дека би можел да ни се отвори патот за кластерите 2, 3 и 4“, рече таа, посочувајќи дека е потребно време, но и добра волја, како и манифестирање добрососедство.

Неодамна во Аушвиц таа се сретнала со претседателот на Бугарија, Румен Радев.

„Меѓу нас има пријателски дијалог, разбирање. Очекувам во директните средби да се разговара за можните решенија“, кажа таа.

Фото: Кабинет на претседателката

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Орка холдинг продаде 11.115 акции во Жито Полог, ги купи Нефроплус медикал

Редакција

Времето денеска сончево и топло, наредните денови дождови

Редакција

Детален преглед на состојбата со Ковид-19 по македонските болници

Редакција