МВР информираше дека на 11.02.2024 година во 22.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред неговата гаража на подрачје на Кисела Вода бил пронајден починат Љ.С. (65) од Скопје.
-Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото било предадено на обдукција, информираа од МВР.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.