еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Среќна сум што ќе инспирирам други жени, рече Силјановска Давкова во инаугуративниот говор

На седница во Собранието, Гордана Силјановска Давкова даде свечена изјава за стапување на функцијата претседател на Македонија за мандатниот период 2024-2029 година.

Како прва жена претседател, дел од говорот таа им го посвети на жените.

„Бидејќи ние умееме да се грижиме не само за себе, туку пред се за сите останат. За жал, жените ги нема многу во политиката. Среќна сум што ќе инспирирам други жени. Ако можам да бидам јас претседателка, можете и вие. На Балканот е се уште жив патријархатот, а силните жени може на поинаков начин да ги решаваат проблемите, цврсто верувам во тоа.

Многу храбри жени и умни жени сум видела во овој Парламент, но се чудев зошто ги нема на највисоки позиции. И еве, се случи и тоа. Јас ќе го пробивам патот, ама овде – и од десно, и лево, и среде, гледам многу умни, многу посветени жени кои ќе ги носам во умот и во срцето,“ истакна Силјановска Давкова.

Новата претседателка се обврза дека должноста ќе ја извршува совесно и одговорно, ќе го почитува Уставот и законите, ќе го штити суверенитетот, територијалниот интегритет и независноста на Македонија.

„Ќе го почитувам овој парламент, ќе ги заборавам лошите моменти, ќе ги помнам само добрите, ќе бидам претседателка и на левата и десната страна, на сите граѓани, нема да правам разлика меѓу нив по етничка, верска, полова ни по која било друга основа.

Ќе се обидам да ги оправдам овие илјадници гласови кои не се само најубав подарок за мојот роденден, туку и најголема обврска и одговорност,“ истакна Сиљановска-Давкова.

Таа нагласи дека првиот и основен критериум „за дружење“ со неа ќе биде стручност и компетентност, а владеење на правото е тоа што оваа држава, рече, ќе ја направи европска, а не „владеење на малкумина, не владеење на мажите“.

По заклетвата во Собранието, Силјановска Давкова на официјална церемонија со највисоки државни и воени почести, во Кабинетот на претседателот во „Вила Водно“ ќе ја преземе функцијата од досегашниот претседател на државата, Стево Пендаровски, со кого потоа ќе има тет-а-тет средба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Грчката амбасадорка Филипиду ја напушти инаугурацијата на Силјановска Давкова

Силјановска Давкова грубо го крши Договорот од Преспа, реагираат од грчко МНР

Фото: Собрание

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 147 заразени од корона вирусот од 1.296 тестирања, најмногу во Скопје 64

Редакција

Конечна детална листа: Кои се избраните градоначалници во вториот круг на локалните избори

Редакција

Истрага за две лица по акцијата во која беше запленет кокаин во Крушопек

Редакција