еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Стартуваше системот за рано предупредување на исчезнати деца „Најди ме“

Систем за рано предупредување на исчезнати деца „Најди ме“ од денеска станува достапен и во Македонија.

„Пилот – проектот за систем за рано предупредување за исчезнати деца“ во  Македонија вклучува инволвирање на релевантни засегнати страни, обука на експерти од различни контексти, размена на добри практики, подготовка на регулативи, подобрување на мрежите и безбедноста на Интернет преку иновативни технологии, развој на алатка за онлајн безбедност и пилотирање на систем за рано предупредување за исчезнати деца.

Партнерите на проектот ќе работат заедно за да ги заштитат децата од исчезнување и да спречат да им се наштети на погодените. Важен аспект на проектот е ангажирање различни засегнати страни (јавен и приватен сектор, граѓански организации) во имплементацијата на системот за рано предупредување за исчезнатите деца.

Главната цел е да се подобрат постојните пристапи и да се најдат нови методи за превенција, истрага и ублажување на трговијата со луѓе и деца, како и заштита или зајакнување на правата на засегнатите лица со размена на искуства и стекнување нови знаења.

Се потпира на австриското искуство, бидејќи таков систем за рано предупредување веќе постои во Австрија: oesterreichfindeteuch.at,“ се вели во описот на веб-страницата.

На веб-страницатаќе се објавуваат податоци за исчезнати лица, откако исчезнувањето ќе биде потврдено од МВР.

„Пријавата не се гледа во јавност, ИТ лицата кои стојат зад веб – страната ги разгледуваат податоците и ги пријавува во МВР.  Потоа се чека повратна информација од МВР и се објавуваат податоците за исчезнатото лице.

Веднаш потоа се вклучуваат сите други алки во системот,“ изјави Александра Радевска од граѓанската организација „Новинари за човекови права“, која е иницијатор на проектот.

Министерот за образование, Јетон Шаќири најави новини во новиот електронски дневник од второто полугодие за родителите веднаш да имаат увид дали нивното дете дента стигнало во училиште и е внесено во е – дневникот.

„Сите поминуваат низ системот на образование, а тој игра клучна улога во раното откривање на исчезнати деца. Наставниците и училишниот персонал често се првите што забележуваат кога детето е отсутно или пак детектираат кога тоа е во некаков ризик, кој се манифестира преку неговото однесување, изглед и слично.

Од друга страна пак, токму во училиштата и преку наставата и воннаставните активности, децата се запознаваат со потенцијалните опасности кои ги демнат. Така ќе биде и понатаму. Едукативните содржини поврзани со оваа тематика, веројатно ќе стануваат сè позастапени“, рече Шаќири.

На промоцијата присуствуваа и претставници на различни министерства и институции, таксисти, хотелиери.

Со нивната соработка, информации за исчезнувањето ќе се појават и на банкоматите, на рецепција на хотелите-членки на ХОТАМ, на дигиталните дисплеи во градските автобуси и кај таксистите, преку такси – станиците.

Системот ќе биде достапен за сите случаи на исчезнати лица, но децата ќе бидат приоритет.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Охридско Езеро се чистеше од цврст отпад, најголем дел доаѓа од реките кои се слеваат во езерото

Редакција

Aтиџе добила ветување дека ќе биде вработена и песните ќе ги сними во професионално студио

Редакција

Ципрас изгуби на изборите во Грција, најави предвремени парламентарни избори

Редакција