Утревечер, познатиот виолински виртуоз Стефан Миленковиќ ќе настапи со македонскиот камерен оркестар Профундис на еден од најочекуваните музички настани за сезоната.
Концертот, кој ќе се одржи во големата сала на Македонската филхармонија, е веќе целосно распродаден, а љубителите на музиката со нетрпение ја очекуваат оваа извонредна соработка.
Миленковиќ, познат по својата извонредна техника и емоционална длабочина, ќе музицира заедно со Профундис под диригентската палка на маестра Ѓурѓица Дашиќ. Заедно, тие ќе изведат возбудлива, сложена и технички најпредизвикувачка програма која вклучува ремек-дела од композитори како Паганини, Сарасате и Чајковски.
За програмата, маестра Дашиќ истакна дека утревечер ќе бидат изведени некои од најсложените дела од класичната музика кои се предизвик дури и за најдобрите музичари, но заедно со виртуозот Стефан Миленковиќ и врвните музичари од камерниот оркестар „Профундис“, публиката ќе има единствена можност да ужива во перфектна изведба на овие ремек-дела.
„Не секогаш ние изведувачите ја бираме програмата, ама утревечер,во Филхармонија, тоа ќе биде величенствена класична музика на композитори кои го одбележаа минатиот век“, рече денеска на официјалната прес-конференција српскиот виолинист.
Говорејќи за настанот, Миленковиќ ја изрази својата восхитеност од Профундис, истакнувајќи ја извонредната уметничка изведба и страста за музиката на оркестарот.
„Настапувањето со Профундис ќе биде од мое големо задоволство. Нивната посветеност на совршенството и нивното суптилно разбирање на репертоарот ќе го направат овој настан вистинска прослава на музиката,“ изјави тој.
Јане Бакевски од камерниот оркестар Профундис се заблагодари на публиката и на спонзорите за нивната несебична поддршка која е од огромно значење за поддршката на културатта.
„Публиката е нашата инспирација, а поддршката од спонзорите значи живот за овој камерен оркестар и нови концерти , во поголема форма и со поголеми дострели “ истакна Бакевски.
Соработката на Миленковиќ со Профундис е опишана како совршен спој, комбинирајќи ја неговата солистичка виртуозност со префинетиот звук на ансамблот. Божидар Пејиќ, кој го потенцираше значењето на музицирањето заедно со Стефан Миленковиќ, изјави:
„Настапувањето на иста сцена со уметник од калибарот на Стефан е искуство што го инспирира и мотивира целиот оркестар. Ова е можност да се сподели сцената со еден од најдобрите виолинисти на денешницата и да се создаде магија која ќе остане запаметена.“
Камерниот оркестар Профундис, под диригентската палка на Ѓурѓица Дашиќ, стекна репутација како еден од водечките камерни оркестри во регионот, познат по своите креативни и динамични настапи и иновативни програми. Со концертот кој е целосно распродаден, оние кои успеале да обезбедат билети можат да очекуваат незаборавна вечер на музичка генијалност.
Настанот ветува дека ќе биде достојно завршување на извонредната концертна сезона на овој камерен окрестар и доказ за постојаната атрактивност на класичната музика.
Промотивна објава