еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Стопанска банка Скопје ги избра проектите за инклузија на лицата со попреченост што ќе добијат вкупно 20.000 евра

Во рамки на петтото издание на „Сонуваме. Менуваме“, општествено одговорниот проект за поттикнување на инклузијата на лицата со попреченост во општеството, Стопанска Банка одобри грантови за проекти со вкупна вредност од 20.000 евра, информираат од таму.

Објавувањето на добитниците на финансиската поддршка се случува на денот кога Банката одбележува 79 години од своето основање.

-Петтото издание на „Сонуваме. Менуваме“ годинава започна со повик до Асоцијации, училишта и здруженија на лица со попреченост да испратат барања за грантови за што Банката предвиде буџет од 20.000 евра. Годинава до банката пристигнаа рекорден број барања – вкупно 31 – и голем дел од нив во следниот период ќе бидат реализирани.

Заедно со годинашните добитници на грантови Банката заокружува над 80.000 евра донации во реализација на речиси 50 проекти како дел од „Сонуваме. Менуваме“, велат од таму.

Во рамки на годинашното издание на оваа општествено одговорна активност имаше пет прикажувања на новата инклузивна музичко – театарска претстава во Македонскиот Народен Театар во продукција на ОхО со омилените ликови од популарната ТВ-серија „5+ Фамилија“

– Низ игра, низ песна и низ смеа пренесовме порака до нашите најмлади сограѓани дека секој ден можеме да делуваме за да создадеме подобра иднина и подобар свет за сите. Богатата претстава изобилува со одлична сценографија, кореографија и впечатлива музика и ни претставува задоволство што можеме да најавиме дека во текот на 2024 година претставата ќе продолжи да се прикажува во МНТ и ќе продолжи да ја шири оваа значајна порака, велат од Стопанска Банка.

Комисијата која одлучуваше во предвид ги зеде и одобрените проекти од претходните години за да се одржи континуитет во видот и формата на проектите чија цел е да дадат подолгорочни ефекти во секојдневието на корисниците и да помагаат во условите и пристапот неопходни за едукација и правилен развој на корисниците.

Проектите со кратко објаснување и одобрените износи се прикажани во продолжение. Банката ќе ги контактира сите добитници и ќе пристапи кон соодветна реализација веќе во јануари.

1. ОУРЦ „Др. Златан Сремец“, Скопје – Набавка на интерактивна маса. Одобрен износ: 1.600 евра.

2. ООУ „Димитар Поп Георгиев – Беровски“, Скопје – Набавка на електромоторен транспортер за инвалидска количка (гасеничар). Одобрен износ: 4.000 евра.

3. Соѕвездие – градежна реконструкција на адаптиран тоалет за лица со телесна попреченост над 18 години. Одобрен износ: 3.500 евра.

4. НВО “Пркос“ – НВО за грижа на лица со церебрална парализа – Набавка на ортопедски помагала. Одобрен износ 1.700 евра.

5. “Ластовица“ Асоцијација за деца и младинци со посебни потреби – Набавка на логопедска опрема и уреди. Одобрен износ: 1.000 евра.

6. „Детелинка плус“ – Центар за поддршка на деца и млади со пречки во развојот, Битола – Набавка на дидактички материјали. Одобрен износ: 1.000 евра.

7. ООУ “Кузман Јосифовски – Питу“ паралелка за деца со оштетен слух – набавка на училишен инвентар. Одобрен износ: 1.000 евра.

8. Дневен центар за лица со церебрална парализа – Набавка и поставување на Роло завеси (ролетни) за прозорците во дневниот центар. Одобрен износ: 1.000 евра.

9. ЈЗУ „Здравствен Дом Скопје„ – Компјутерска опрема. Одобрен износ: 1.000 евра.

10. Здружение за давање услуги на лица со попреченост ХАНДИМАК – Тетово – Опремување на сензорна соба за потребите на децата и ученици со попреченост. Одобрен износ: 1.000 евра.

11. Здружение за развој на општествена одговорност „Мој пат“ – Скопје. Поддршка во набавка на симулатор за одење. Одобрен износ: 2.000 евра.

12. Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености- Велес. Градежни работи за уредување на дворно место. Одобрен износ: 1.200 евра.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Се плашев дека го идеализирам, но Охрид е поубав од што можев да замислам“, вели светскиот туристички блогер Дацешин

Редакција

(Фото) За два дена во Аџибадем Систина оперирани три бебиња со тешки срцеви мани

Редакција

Јани-Петери Паси е добитник на „Златна камера 300“ на 42. ИФФК „Браќа Манаки“

Редакција