еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Судијата не можел да изрече повисока казна за возачот што ја усмрти Теодора, констатира Судскиот совет

Судскиот совет оцени дека судијата Елмедин Ферати од Основниот суд Тетово не можел да изрече повисока казна за Менсур Пајазити, кој ја усмрти 22-годишната Теодора Ристовска на пешачки премин во Тетово, а за тоа на повтореното судење доби само две години затвор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Менсур Пајазити кој ја прегази Теодора Ристовска на пешачки во Тетово, осуден на две години затвор

Од Советот на нивната веб страна го објавија наодот на работната група која беше формирана по бурните негативни реакции за малата казна.

Во истиот стои дека судијата Ферати не можел да досуди повисока казна, бидејќи ако е изјавена жалба само во корист на обвинетиот, пресудата не смее да се измени на негова штета во однос на правната оцена на делото и на кривичната санкција.

Од Судскиот совет се повикуваат на членот 428 од Законот за кривична постапка (ЗКП), кој се однесува на забраната за менување на полошо (Reformatio in peius).

Од Судскиот совет како поткрепа на ваквиот заклучок од увидот во предметот, наведуваат и хронолошки преглед на постапувањето на судовите.

Целиот наод ОВДЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е судијата Ељведин Ферати кој пресуди две години затвор за возачот кој ја усмрти Теодора Ристовска

Бура од реакции за казната затвор од само две години за возачот кој ја усмрти Теодора Ристовска

Каков имот пријавил Ељведин Ферати, судијата кој пресуди две годи затвор за возачот кој ја усмрти Теодора Ристовска

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Џафери ја одби иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за референдум

Редакција

Експремиерот останува без пратеничка плата: Што пишува во „законот за Груевски“

Редакција

Безживотното тело на прилепчанката Николоска по која се трагаше е пронајдено во водите на прилепското вештачко езеро

Редакција