еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Таткото на Вања: Ако полицијата го бараше исчезнатото возило на Панче, сега ќе зборувавме само за неговото убиство

На денешното рочиште за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес, на прашања на обвинителките од Основното јавно обвинителство одговараше таткото на Ѓорчевска, обвинетиот Александар Ѓорчевски.

Меѓудругото кажа дека иако биле ангажирани многу полицајци за исчезнувањето на Ѓорчевска, ништо конкрено не видел од нив дека преземаат за нејзино пронаоѓање.

-Тие не испрашуваа со колку недвижен имот располагаме, кој колку возила има, не им беше својствено дека Зорица (неговата сопруга, н.з.) превела стан на мое име, и од самиот почеток почувствував дека се сомневаат во мене, рече тој и посочи дека е пропуст на полицијата фактот што не го барале возилото на Жежовски, и ако го нашле, во тој случај Ѓорчевска немало да биде киднапирана и убиена.

-Ако беа внесени табличките на возилото кое се барало пет дена, денеска во судница ќе се расправаше само за убиството на велешанецот Панче. Мислам дека е пропуст на полицијата и дека не го барале возилото, кажа тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Таткото на Вања е неправедно обвинет, кажа Палевски на денешното рочиште

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нов раст: 1.250 случаи на Ковид-19 од 8.192 тестирања

Редакција

Убава вест: Оздравени 134 пациенти кои боледувале од Ковид-19

Редакција

Не е време за отварање на Уставот, вели Пендаровски

Редакција