еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

Тинекс испрати писмо до добавувачите, за замрзнување на цените

ТИНЕКС-МТ ДООЕЛ Скопје како компанија чија приоритетна дејност е трговија на мало, веќе подолго време е изложена на погрешна перцепција од страна на јавноста дека цените во нашите малопродажни објекти се одраз исклучиво на нашата политика на високи малопродажни маржи, а сето тоа усмерено кон постигнување на екстра зголемен профит, велат од компанијата.

“Принудени сме на прво место да ги заштитиме нашите потрошувачи а со самото тоа и сопственото работење. Во насока на зачувување на угледот на компанијата и кредибилитетот на пазарот каде етички и професионално работиме веќе 30 години, донесовме одлука да ги превземе следните мерки:

-Ве известуваме дека ТИНЕКС-МТ ДООЕЛ Скопје во првиот кваратал на 2025 година нема да прифаќа изменети ценовници за Вашите производи. За пријаваните зголемени цени до моментов, предлагаме да се вратат на ниво пред поскапувањето односно од пред 01.01.2025 година.

По истек на првиот квартал, единстевно ќе бидат прифатливи за нас измени на цени до ниво право пропорционално со годишната стапка на инфлацијата согласно официјалните податоци на Државниот заводот за статистика.

Во случај Вашиот ценовник да биде изменет спротивно на нашата одлука за работење, ќе бидеме приморани дел од производите кои не се во согласност со нашата одлука да не ги набавуваме.

Очекуваме дека со разбирање ќе ја примите оваа наша одлука, во ова време на предизвици за сите нас,” се вели во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тинекс најавува намалување на цените на голем број производи

Бојкот е успешен, како и што треба, велат вработени во маркетите

ПР-објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заев им честита на граѓаните и пратениците за преземената одговорност

Редакција

Галеника со 24% раст на продажбата на македонскиот пазар

Редакција

Почина поранешната министерка Илинка Митрева

Петре Димитров