еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Унијата на медицински сестри бара докази за сестрата на Детска клиника, која нестручно се однесувала кон бебе

Унијата на ЗМСТАС предводена од Здружение на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „За нас” ги повика релевантните институции да приложат докази и да го разрешат случајот на Детската клиника, поврзан со тврдењата за нестручно однесување на медицинска сестра со новороденче.

„Во нашата земја во моментов работат околу 9.200 медицински сестри. Оваа хумана фела одговорно и пожртвувано работи во јавниот здравствен систем и не заслужува да се фрла дамка на сестринската професија поради недокажани инциденти.

Затоа од име на Унијата на медицински сестри упатувам реакција и ја повикувам стручната комисија јавно да се произнесе со факти и одговорноста да ја насочат кон конкретниот виновник,“ порача Гордана Бешлиовска, претседателка на Унијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Комисија ќе го разгледа случајот со нестручно однесување на медицинска сестра кон бебето на Детска клиника, велат оттаму

Тримесечно бебе било малтретирано на Детска клиника, бидејќи мајката не знаела да комуницира на македонски, тврди семејството

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мицкоски и на Курц му кажал дека за ВМРО-ДПМНЕ договорот со Грција е неприфатлив

Редакција

Болницата во Штип му испратила опомена за тужба на пожарникар кој се повреди при гаснење на пожарите на Истокот, за лекување во износ од 1.250 денари

Редакција

Македонски Телеком лани со раст на нето-добивката од 38,7%

Редакција