Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против управител на техничка станица, службеник во македонска Пошта и вработена во Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) поради сомнеж дека ја оштетиле државата за над 22 милиони денари, информираа од таму.
Кривична заработи Д.П., управител на фирмата „Пин Петрол“ од Куманово, која има овластување да врши технички прегледи. Тој, според Финаниската полиција, знаел дека неговата компанија не ги уплатува редовно средствата од патната такса, но не презел ништо, иако имал договор и обврска пред Јавното претпријатие за државни патишта.
Крвичната се однесува и на Г.С.П., службеничка во кумановската Пошта, која според Финансиската полиција, наместо да ги префрли наплатените суми од патната такса на државната сметка ги задржувала за себе. Фалсификувала налози, играла со идентични референтни броеви, а пари исчезнувале без трага, посочуваат од таму.
Кривичната се однесува и на Н.С., вработена во самото Јавно претпријатие за државни патишта. Таа според Финансиската полиција не извршила надзор, иако имала увид во месечните извештаи, и не реагирала на очигледната несразмерност помеѓу наплатените и уплатените средства.
Тие се сомничат за злоупотреба на службена положба, проневера и несовесно работење.