еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Фершпед со зголемена добивка

Нето добивката на Фершпед АД Скопје во третиот квартал од годинава изнесувала 100.702 илјади денари и истата е зголемена во однос на добивката од минатата година, соопшти Друштвото преку Македонската берза.

-Оперативната добивка остварена во период јануари-септември 2024 година изнесува 104.449 илјади денари и истата е зголемена за 4% во однос на добивката во 2023 година истиот период.

Вкупните приходи од работењето на Фершпед за периодот јануари-септември 2024 година изнесуваат 3.510.230 илади денари и истите бележат зголемување за 4% во однос на вкупните приходи остварени во истиот период минатата година.

Оперативните приходи остварени во овој период се во износ од 3.502.428 илјади денари и се зголемени за 4% во однос на оперативните приходи во периодот јануари-септември 2023 година. Финансиските приходи во овој период во однос на истите минатата година бележат пораст.

Вкупните расходи остварени во периодот јануари-септември 2024 година изнесуваат 3.398.144 илјади денари и истите бележат зголемување од 4% во однос на истите мината година.

Оперативните расходи се во износ од 3.397.979 илјади денари и истите се зголемени за 4% во однос на оперативните расходи од 2023 година

.Финансиските расходи во овој период во однос на истите минатата година бележат пад, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фершпед со добивка во првото полугодие

Фершпед ќе дели дивиденда од 720 денари бруто по акција

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МНР ги осуди инциденти пред, за време и по натпреварот Шкупи – Левски

Редакција

Кардиоваскуларна болест најчесто претходно заболување кај починатите од Ковид-19 во Македонија

Редакција

Русија регистрираше спреј против Ковид-19: Пациентите оздравуваат за само осум дена

Редакција