Остварените вкупни приходи на Фершпед АД Скопје во првите три месеци од годинава изнесуваат 883.959 илјади денари и во споредба со остварените вкупни приходи за истиот период од 2024 година бележат пад од 9%, информираат од Друштвото преку Македонската берза.
-Оперативните приходи изнесуваат 882.120 илјади денари и истите бележат пад од 9% во однос на оперативните приходи за истиот период од 2024 година.
Финансиските приходи во износ од 1.839 илјади денари бележат пораст од 2% во однос на истиот период минатата година.
Вкупните расходи за период јануари – март 2025 година се во износ од 869.065 илјади денари и истите имаат пад за 8% во однос на вкупните расходи за истиот период 2024 година.
Оперативните расходи за период јануари – март 2025 година изнесуваат 868.984 илјади денари и истите бележат намалување за 8% во однос на истиот период во 2024 година.
Финансиските расходи во износ од 81 илјади денари бележат раст од 3% во однос на истиот период минатата година.
Нето добивката по оданочување во анализираниот период изнесува 10.721 илјади денари и истата е намалена во однос на истиот период од 2024 година, велат од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ